Стоилковска се пласираше во четвртфиналето во Анталија

Македонската тенисерка денеска оствари победа на главниот турнир во Турција (15.000 долари).

Магдалена Стоилковска во двојки заедно со Хрватката Ена Кајевиќ во првото коло со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:2 ги елиминираа Русинките Аделина Барави и Александра Миронова.

Во четвртфиналето ќе играат против вторите носителки Пиа Кониг (Австрија) и Алина Силич (Русија) кои со 1:6, 6:3 и 10:7 беа подобри од Сабрина Ритбергер (Германија) и Елиса Ванлангендонк (Белгија).

Претходно во сингл конкурецијата Стоилковска на стартот беше совладана од првата носителка, Турчинката Алка Аксу со 6:0 и 6:4.