Стоилковска се пласираше во четвртфиналето во Анталија

Македонската тенисерка го започна успешно настапот на главниот турнир во Турција (15.000 долари).

Магдалена Стоилковска во двојки во првото коло заедно со полската натпреварувачка Александра Бучинска со резултат 2:0 по сетови 6:3 и 6:0 за скоро еден час игра ги совладаа Абхилаша Мехра (Индија) и Валерија Шеикина (Украина) кои настапија со „вајлд-кард“.

Во четвртфиналето Стоилковска и Бучинска ќе играат против победничките од дуелот Виталија Стамат (Молдавија)/Валерија Уржумова (Русија) и вторите носителки Елени Кордолами (Грција)/Тена Лукас (Хрватска).