Стефановски со „Хјундаи И30“ ќе се натпреварува во европската ТЦР серија!

Денеска тимот на АКК Стефановски одржа прес конференција во просториите на Кореа Ауто Трејд Скопје Hyundai Motors Macedonia…

На средбата беа претставени плановите на Игор Стефановски Иџе за натпреварувањето во сезоната 2018 каде што ќе се натпреварува во европската ТЦР – серија.

Потсетување, минатата година Стефановски го имаше најдобриот пласман во ЕТЦЦ серијата освојувајќи го четвртото место во конечниот генерален пласман.

Во новата европска серија ќе настапува со „Хјундаи И30“, благодарение на спонзорите кои влеваат доверба во нашиот Иџе дека може повторно да остварува големи резултати на меѓународната сцена и биде воедно рамо до рамо со најдобрите во Европа.

И оваа година целта ќе биде да се освојат што е можно повеќе бодови, новата сезона во ТЦР ќе стартува на 6. мај во Франција.

Фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski/