Стефановски: Сеедно ми е дали ќе возам во ЕТЦЦ или новата ТЦР Европа!

Македонскиот возач Игор Стефановски неодамна ја заврши и својата втора сезона во ЕТЦЦ шампионатот.

Откако лани дебитираше во ова туринг натпреварување освојувајќи го 10. место, годинава беше далеку подобар во генералниот пласман, борејќи се и за шампионската титула, доаѓајќи до одличната четврта позиција.

Популарниот Иџе генерално има идеја да вози ЕТЦЦ наредната 2018. година, но опстанокот на таа серија е неизвесен.

За мене, генерално, е сеедно дали ќе возам во ЕТЦЦ или новата серија на ТЦР Европа. Тоа се исти автомобили, а во ТЦР би можело да има посериозна конкуренција, што за мене би било уште поинтересно.

Во секој случај, одлуката нема да ја донесам пред декември, додека не ги собереме сите потребни информации и го составиме буџетот“, рече 34-годишниот Стефановски за „serbiaring.com“

Стефановски освен што го тестираше „хјундаи и30 Н“, сака да проба и „хонда тајр Р“.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

Веќе се мисли за наредната сезона: Иџе го тестираше новиот ТЦР Хјундаи во Италија! (ФОТО)

Севкупно гледано, „хјундаи“ е малку поагресивен од „сеат“ кој пак е покомпактен и помирен. Ми се допаѓа, но засега сум резервиран. Чекам да заврши сезоната во ТЦР интернационалната серија, па да направам тест и со „хонда тајр Р“.

Секако не ја исклучувам можноста да останам и во „сеат“, но прво сакам да видам што ќе понуди „VW“ – Фолксваген групата за подобрување на возилото. Сакам добро да се подготвам за следната сезона, бидејќи планирам атак на висок пласман“, додаде „летечкиот“ Македонец.