Стефановски: Ќе се борам за титулата во ЕТЦЦ шампионатот!

Победникот на три трки во ЕТЦЦ шампионатот Игор Стефановски истакна дека ќе се бораи да ја освои титулата оваа сезона.

„Летечкиот“ Македонец е еден од четворицата возачи во борбата за трофејот, со осум поени заостанување зад лидерот во генералниот пласман, Петр Фулин пред одржувањето на последната трка претстојниот викенд во Мост, Чешка.

Говореше за официјалниот веб сајт на ЕТЦЦ, популарниот „Иџе“:

Одам во Мост да триумфирам и се борам за шампионатот. Тоа е мојата амбиција, како и на тимот. Не ја познавам патеката во Мост, се надевам дека брзо ќе се вклопам преку тестовите“.

Фото: fiaetcc.com