Стартуваше „Австралија Опен“ со триумфи на Надал и Возњацки!

Првиот тенисер на светот се пласираше во второто коло на првиот Грел слем турнир сезонава во Мелбурн.

Рафаел Надал на стартот од „Австралија Опен“ успеа да го совлада убедливо претставникот на Доминиканската Република, Виктор Е. Бургос со 6:1, 6:1 и 6:1.

Нареден ривал на Шпанецот ќе биде Аргентинецот Леонард Мајер кој претходно беше подобар од Чилеанецот Николас Чари со 6:2, 7:6 и 6:3.

Данската натпреварувачка Каролина Возњацки славеше над Михаела Бузарнеску од Романија (6:2, 6:3) и ќе игра во второто коло со Хрватката Јана Фет кој пај со 6:2 и 6:2 ја елиминираше Мисе Јагучи од Јапонија.

Триумфи на АО остварија уште Маркос Багдатис (Кипар), Марин Чилиќ (Хрватска), Моника Пуиг (Порторико) и Каја Канепи (Естонија).