Сребро за Мојсовска на меѓународниот карате турнир во БиХ

Во неделата во Олимписката сала „Хуан Антонио Самаранч“ беше одржано традиционалното натпреварување „Karate World Grand Prix – Алија Изетбеговиќ“ во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во рамките од натпреварувањето „ТОП 8“ во женска конкуренција беа врачени медали и пехари за првите три места помеѓу кои се најде и Ангела Мојсовска од Македонија на второто место.

На првата позиција се најде Ивона Чавар (Мостар), а на третата Зенира Бекташ (БиХ) и Луција Лесјак (Чаковец). Ова е еден од најквалитетните и најдобро организираните карате турнири во Европа.