Шок за Ѓоковиќ, елиминиран уште на стартот во Мајами! (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер е поразен веќе во третото коло на Мастерс турнирот во Мајами…

Новак Ѓоковиќ со конечен резултат 2:0 по сетови 6:3 и 6:4. загуби од Беноа Пер. Популарниот Ноле имаше енергија само за првите 20. минути, иако паузираше скоро три месеци после Австралија Опен.

На тој начин Французинот спречи српски дуел и во следната рунда ќе игра против Филип Крајиновиќ кој пак со 6:3 и 6:2 го елиминираше Лијам Броди.

Мастерсот во Мајами се игра за награден фонд од 7.972.535 долари, а титулата ја брани првиот тенисер на светот, Роџер Федерер.