Шок од МОК: Русија не може на Олимписките игри!

Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ја суспендираше денеска Русија за претстојните Зимски олимписки игри во Пјонгчанг после доказот за систематски допинг на Игрите во Сочи 2014. година.

МОК наведе дека Олимпискиот комитет на Русија е суспендиран, но од друга страна спортистите од таа земја сепак ќе можат да се натпреваруваат во Јужна Кореја како неутрални, односно „Олимпијци од Русија“, без државно знаме и химна.

Оваа одлука која е објавена во седиштето во Лозана, на 66 дена пред почетокот на ЗОИ, следеше после 16. месечната истрага на „систематското манипулирање со анти-допинг системот во Русија“.

Заменикот на рускиот премиер Виталиј Мутко, кој беше министер за спорт во Русија во периодот на претходните ЗОИ во Сочи 2014, денеска беше доживотно суспендиран поради својата улога во допинг програмата.