Серена Вилијамс нема да ја брани титулата на Австралија Опен

Седумкратната шампионка во Мелбурн соопшти денеска дека нема да ја брани титулата на Првиот Грен слем сезонава.

Американската тенисерка Серена Вилијамс истакна дека нејзините амбиции секогаш биле борба за титулата, а не само учество на турнирот

После породувањето во септември, се врати на терените минатата недела на егзибицискиот меч кој го загуби против Јелена Остапенко во Абу Даби, изјави дека не е доволно подготвена.

Мојот тренер и целиот тим секогаш ми говореа да одам на турнири само кога сум сигурна дека можам да се борам за титула.

Овој пат тешко дека можам до самиот крај и не сакам само да учествувам“, рече Вилијамс.

Турнирот „Австралија Опен“ ќе започне на 15. јануари 2018 год.