Шангај: Надал преку Димитров во полуфиналето

Шпанскиот тенисер го совлада Григор Димитров од Бугарија со 6:4, 6:7, 6:3…

На тој начин Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на турнирот во Шангај (Кина) и моменталниот резултат во меѓусебните дуели е 11:1 за Шпанецот.

Во тековната сезона за првиот светски рекет ова е петто полуфинале во рамките од Мастерс серијата 1000.

За пласман во големото финале Надал ќе игра против хрватскиот натпреварувач Марин Чилиќ кој претходно со 2:0 го елиминираше Рамос Вињолас.