Романката Халеп на врвот на ВТА ранг листата

Романската тенисерка се пласираше на финалниот турнир во Пекинг…

На тој начин Симона Халеп за прв пат во нејзината кариера. се најде на првото место на ВТА ранг листа.

Досега врвот во светскиот женски тенис го имаше шпанската натпреварувачка Гарбиње Мугуруза.

За еден час и 15. минути Халеп успеа во полуфиналето во Кина да ја совлада Летонката Јелена Остапенко со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:4.

Воедно се „одмазди“ за изненадувачкиот пораз оваа година на Гренд Слем турнирот „Ролан Гарос“ во Франција.

В недела Халеп ќе игра за трофејот во Пекинг против Каролина Гарсија (Франција) која беше подобра од Петра Квитова (Чешка) со 6:3 и 7:6 за скоро еден час игра.