Романката Халеп го освои егзибицискиот турнир во Тајланд (ВИДЕО)

Прворангирата на ВТА листата дојде до врвот на егзибицискиот турнир во Хуа Хин во Тајланд.

Симона Халеп од Романија со резултат 2:0 по сетови 6:2 и 6:3 за еден час игра во финалето ја совлада Каролина Плишкова од Чешка.

Во борбата за третото место Британката Јохана Конта со 6:3 и 6:2 за еден час и 11. минути игра беше подобра од Јелена Остапенко (Летонија).