Ристевски не ја заврши велеслаломската трка во Пјонгчанг

Македонскиот скијач остана без пласман на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018.

Најискусниот од сите наши олимпијци Антонио Ристевски излета на првата трка, направи грешка и не успеа на крајот да ја мине целта.

На оваа велесломска трка првопласиран заврши Марсел Хиршер кој продолжува да доминира, пред Кристоферсен и Пентиро. Првото возење го завршија 85 учесници од вкупно 109.

Следниот настап на Ристевски на ЗОИ ќе биде в четврток во слаломот.