Рекорд во Мелбурн: Федерер ја освои 20 Гренд слем титула во кариерата! (ВИДЕО)

Швајцарскиот тенисер денеска во финалето на „Австралија Опен“ го совлада Марин Чилиќ.

Со резултат 3:2 (6:2, 6:7, 6:3, 3:6, 6:1) Роџер Федерер против Хрватот дојде до рекорднаа 20. Грен слем титула во кариерата.

Севкупно за Швајцарецот ова е шести трофеј од Мелбурн, додека Чилиќ не успеа да дојде до својата втора голема титула и да му се одмазди на противникот за поразот во финалето на минатогодишниот „Вимблдон“.

Воедно Федерер сега по бројот на освоени титули во Мелбурн се израмни со српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.