Развој на пинг-понгот во Македонија: МОК и федерацијата со нов заеднички проект!

Македонскиот олимписки комитет и Пингпонгарската федерација на Македонија, започнаа со имплементација…

Во целост финансиски ја обезбедија програмата според која започна работата на 4 тренинг пинг понг центри за развој на пинг понгот во градовите Прилеп, Штип, Крива Паланка и Скопје како градови каде има најдобри инфраструктурни услови за работа, најголем број на клубови и соодветен тренерски кадар.

Вчера беше отворена првата група од тренинг центарот во Штип каде претседателот на ППФМ Горан Тиловски, заедно со претседателот на МОК, г-дин Васил Тупурковски и г-дин Сашо Поповски присуствуваа на првиот тренинг на најмладите пинг-понгари.

Се очекува наскоро отворање на втората група во Штип, додека центрите во Прилеп и Крива Паланка исто така се веќе функционални со една група и се очекува нивно формално отворање. Во моментот има бројка од околу 60 дечиња во трите пинг-понг центри, бројка која се очекува да расте во следниот период.

Во Прилеп бројот на деца кои веќе работат со тренерскиот кадар е околу 20 деца и истите се организирани во групи и се работи 3 пати неделно од страна на тренерот Кире Ѓеоргиевски од ППК Младост 96. Дополнително се работи на формирање на нови групи деца со дополнителна бројка на 10-15 деца со кои ќе работи тренерот Ѓоко Јоcкоски од ППК Прилеп. Овие групи се очекуваат да почнат со работа кон крајот на месец декември или почетокот на месец јануари 2018 година.

Во Штип бројот на деца кои веќе работат со тренер е околу 20, истите се организирани во групи и се работи 3 пати неделно од страна на тренерот Ване Барбареев од ППЛ УГД Штип.

Дополнително се работи на формирање на нови групи деца со дополнителна бројка на 10-15 деца со кои ќе работи тренерот Зоран Димитриевски од ППК Шампиони ФА Штип. Овие групи се очекуваат да почнат со работа кон крајот на месец декември или во текот на јануари следната година.

Во Крива Паланка бројот на деца кои веќе работат со тренер е околу 20 и истите се организирани во групи и се работи 3 пати неделно од страна на тренерот Виорел Усе од ППК Крива Паланка.

Дополнително се работи на формирање на нови групи деца со дополнителна бројка од 10-15 деца со кои ќе работи тренерот Амелија Уcе од ППК Крива Паланка. Овие групи се очекуваат да почнат со работа од крајот месец декември или во текот на јануари следната година.

Во Скопје организација на тренинг центарот во Скопје бележи доцнење во споредба со другите центри заради неможноста за обезбедување на сала под поволни финансиски услови. ППФМ прави напори до крајот на месец јануари идната година да обезбеди сала во која ќе се одвива тренажниот процес и се очекува да се почне со истиот во тек на месец февруари идната година. Во овој тренинг центар се очекува вклучување на 20 деца.