Прво место за АСК „Скади“ на меѓународното скијачко натпреварување во Италија! (ФОТО)

Шлагот за крај од оваа плодна жетва и натпреварувачка турнеја која траеше повеќе од месец дена…

Скопскиот клуб АСК Скади, со несмален ритам ја продолжи натпреварувачката турнеја, но паралелно со тоа продолжи да ја потврдува супер формата низ серијалот трки, каде учесниците од клубот бележат високи резултати на навистина сериозни скијачки собири и натпревари, информираат од Скијачката федерација на Македонија.

Такво натпреварување е и последното од изминатиов викенд, голем скијачки собир, Трофеј Biberon кој се одржа во Forni Di Sopra Италија, најголемо меѓународно натпреварување во Италија каде учествуваа над 800 деца.

Во сериозна конкуренција и тешки трки, клубот успеа да донесе неколку подиуми и две први места и повторно македонското знаме да биде главно. Јана Атанасовска и Данило Илиев учествуваа во натпреварувања од ски крос, слалом и велеслалом дисциплини, притоа…

Јана Атанасовска ги освои првото место во ски крос и велеслалом каде постави и рекорд на патеката воедно најголем и најважен настан, а во слаломската трка го освои 7-то место.

За постигнатото најдобро време на патеката воопшто, Јана доби и посебна награда од организаторот.

Данило Илиев второ место ски крос, 20-та позиција во слаломската трка (со грешка во првата трка) и 5-та позиција во велеслаломската трка.

Тренерот на овој млад тим, Александар Атанасовски-Чаве изјави:

Технички воопшто не заостануваат зад своите конкуренти (напротив), но недостигот на искуство и возбудата го прават своето.

Ова не е изговор, само патоказ за тоа, каде треба да посветиме повеќе внимание во иднина. Овие натпревари се последните со кои завршува нашата 33 дневна турнеја од тренинзи и натпревари”.

Фото: skimacedonia.mk