Прво финале за Чилиќ на Австралија Опен, за титулата ќе играат Халеп и Возњацки!

Марин Чилиќ за прв пат во кариерата ќе игра на финале на Грен слем турнирот „Австралија Опен“.

Со една одлична игра хрватскиот најдобар тенисер се избори за своето трето финале на Грен слем турнирите.

Со резултат 3:0 по сетови 6:2, 7:6 и 6:2 го совлада Британецот Кајл Едмунд. 49. играч на светот единствено најсилен отпор даде во вториот сет кој Хрватот го доби во тај-брејк со 7:4.

Во неделното финале Чилиќ ќе игра против подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу Швајцарецот Роџер Федерер и Чунг Хјон од Јужна Кореја.

Да додадеме уште дека во женска конкуренција во Мелбурн за титулата ќе играат првата и втората носителка Симона Халеп и Каролина Возњацки.

Романската натпреварувачка со 6:3, 4:6 и 9:7 ја елиминираше Анџелик Кербер (21. носителка, Германија), додека претставничката од Данска со 6:3 и 7:6 (2) беше подобра од Белгијката Елис Мертенс.