Првиот светски рекет Надал се повлече од завршниот турнир во Лондон!

Рафаел Надал поради повреда предвреме го заврши настапот на Завршниот турнир што се одржува во Лондон.

Прворангираниот на АТП листата го заврши натпреварувањето после првиот меч во својата група и поразот од Давид Гофан во три тешки сета 7:6, 6:7 и 6:4.

Шпанецот ја обнови повредата на десното колено од Мастерсот во Париз, па овој ќе му биде втор турнир по ред од кој морае да се откаже.

Имав обврска спрема турнирот, градот и себеси. Се обидов со сите сили, направив се што требаше за да бидам подготвен, но не сум во состојба да играм.

Многу се борев во текот на мечот, а сето време бев свесен дека истиот ќе ми биде последен оваа сезона. Самите болки одлучија, немам доволно сили да продолжам.

Се обидов и навистина вистинско чудо е што резултатски бев блиску на дуелот против Гофан“, рече Надал.