Противниците на македонските одбојкари во квалификациите за ЕП 2019 (ФОТО)

Македонската машка одбојкарска сениорска репрезентација ќе биде во групата Ф заедно со Унгарија, Швајцарија и Украина за следните квалификации за ЦЕВ Европско Првенство 2019 год.

Извлечени се вкупно седум квалификациски групи, пет со по четири репрезентации и две со по три репрезентации.

Победниците од секоја група и петте најдобро второпласирани ќе играат на европскиот шампионат кој што ќе се организира во четири земји (Белгија, Франција, Холандија и Словенија).

Првите натпревари од квалификациите ќе се одиграат на 15. август 2018 год, а целиот циклус ќе заврши со мечевите од шестото коло на 9. јануари 2019 год.

На ЕП според најавите треба да партиципираат вкупно 24 репрезентации, наместо досегашните 16 колку што учествуваа на досегашните континентални собири.

Директно квалификувани за ЕП 2019: Белгија (домаќин), Франција (домаќин), Холандија (домаќин), Словенија (домаќин) и уште осум најдобри репрезентации од минатото ЕП 2017, тие се: Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција.

Тоа се вкупно 12 репрезентации, а останатите 12 како што спомнавме ќе ги дознаеме преку квалификациите.