Промовирање на женскиот спорт, целта е да се охрабрат девојките да спортуваат (ВИДЕО)

Промоција на видео „Девојки како нас”…

Денеска граѓанската спортска организација ТАКТ, со поддршка на Амбасадата на кралството Холандија во Македонија и Агенцијата за млади и спорт, одржа промоција на спортско видео кој чија цел е да се промовира женскиот спорт и многубројните придобивки од спортувањето.

Во видеото се прикажани проминентни спортистки од осум различни спортови кои во македонската јавност се препознатливи по своите резултати. Пораката која ова видео ја пренесува е улогата на спортот при зајакнување на девојките, придобивките од спортувањето и унапредувањето на родова еднаквост во спортот.

Земајќи ги во предвид сите придобивки од спортувањето, наша цел е да стимулираме и охрабриме што поголем број на девојки да спортуваат. Затоа креиравме кратко видео кое е многу инспиративно и кој ги препознава девојките спортистки како хероини и како позитивни примери (рол моделс) на кои можат да се угледаат младите генерации на девојки.

Во денешно време младите девојки имаат силна потреба да се препознаат во успешни жени кои во животот се раководат од вредности како самопочит, посветеност, упорност, неоткажување од предизвици, фер игра и затоа овие жени претставуваат одлична мотивација за тоа што се може да се постигне во животот преку спортот“, изјави Силвија Митевска, Претседателка на ТАКТ.

Женскиот спорт е многу важен, преку спортот жените го развиваат својот потенцијал, самодовоербата и ги рушат бариерите. Спортот ве прави да бидете поактивни во животот и полесно да ги надминете предизвиците.

Жените како Дафне Шниперс, Силвија Митевска или Дрита Ислами се позитивни примери за младите девојки и инспирација дека можат да постигнат многу. Жените се многу вреден човечки капитал на секоја држава и силните, еманципирани и активни девојки се ‘рбетот на секое демократско општество“, наведе во својот говор Вилем Ваутер Пломп амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија.

Говорници на настанот беа:

• Силвија Митевска, претседателка на TAKT

• Вилем Ваутер Пломп, амбасадор на Кралството Холандија во Република Македонија

• Дарко Каевски, претседател на Агенција за млади и спорт

• Дрита Ислами, атлетичарка и олимпијка

Видеото е достапно на социјалните медиуми, ќе биде емитувано на различни телевиски канали, и дополнително ќе биде презентирано на работилници на тема „Зајакнување на девојки преку спорт”, кои ќе се одржат во средните училишта ширум Македонија.

Здружението за унапредување на меѓусебна доверба ТАКТ, Скопје се залага за родова рамноправност во спортот и за социјална инклузија за маргинализирани групи на луѓе преку спортско-рекретивни активности.