Прогласена најдобрата тенисерка во 2017 година

Шпанската тенисерка Гарбиње Мугуруза го освои Грен слем турнирот во Вимблдон и Мастерсот во Синсинати оваа календарска година.

Женската тениска асоцијација (ВТА) ги објави имињата најдобрите тенисерки за 2017. година. За најдобра е прогласена моментно второрангираната тенисерка на светот, Мугуруза.

Таа е втората тенисерка од Шпанија која успеала да дојде до првото место на ВТА листата, после Аранча Санчес Викарио.

Наградата за најдобар пар во двојки им припадна на Мартина Хингис и Јунг Јан Чан кои освоија девет титули, вклучувајќи го и УС Опен.