Познати полуфиналните двојки на „Австралија Опен“ 2018

На првиот Грен слем турнир сезонава познати се и официјално полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција.

Кај мажите Швајцарецот Роџер Федерер (2. носител) закажа меч против корејската сензација Чунг, откако со резултат 7:6 (1), 6:3 и 6:4 го елмиминираше Чехот Томаш Бердих.

Кај жените првата носителка од Романија, Симона Хелп со 6:3 и 6:2 славеше против шестата носителка Каролина Плишкова (Чешка).

Полуфинале „Австралија Опен 2018“:

Мажи –

Марин Чилиќ (Хрватска, 6. носител)-Кајл Едмунд (Велика Британија)
Чунг Хјон (Јужна Кореја)-Роџер Федерер (Швајцарија, 2. носител)

Жени –

Симона Халеп (Романија, 1. носителка)-Анџелик Кербер (Германија, 21. носителка)
Елис Мертенс (Белгија)-Каролин Возњацки (Данска, 2. носителка)