Познати победниците на државното првенство во далечинско пливање (ФОТО)

Победник на првото Државно првенство во далечинско пливање на 2.5 км за жени е Миа Еминова Блажевска од Пливачкиот Клуб „Бета“ од Скопје со време 32.48.

Во машка конкуренција победник е Антониј Симоновски од Пливачкиот Клуб „Орион“ од Скопје со време 30.16.

Исто така на Националното првенство во далечинско пливање на 5км триумфираше Венцислав Ајдарски од Пливачкиот Клуб „Вихрен“ од Бугарија со 55.39, додека за жени победник е Миа Крстевска од Пливачкиот Клуб „Орион“ од Скопје со време од 1:04:39.