После титулата во Базел, Федерер нема да настапи во Париз

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер нема да учествува на престојниот мастерс турнир во Париз, соопштија вчера организаторите.

Федерер (36) оваа сезона внимателно ги бираше турнирите на кои ќе се натпреварува, со цел да го заштити телото и остане во добра здравствена состојба.

Тој изминатиот викенд ја освои седмата титула во сезоната, а 95-та во својата кариера, откако во својот роден Базел дојде до осмиот трофеј, совладувајќи го Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро со 6:7, 6:4 и 6:3.

Да додадеме уште дека приоритет ќе му биде учеството на завршниот АТП турнир кој од 12-19 ноември 2017 год. ќе се игра во Лондон.