После 20 години хокеарите на Русија во олимпиското финале (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Русија во хокеј на мраз се пласираше во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг 2018, откако денеска во полуфиналето ја совлада Чешка со 3:0.

Хокеарите на Русија, кои во Пјонгчанг се натпреваруваат како неутрални спортисти („Олимписки Спортисти од Русија“), ова е прво финале на ЗОИ после 20. години, односно од Нагано 1998 кога во борбата за златото беа поразени токму од Чесите.

Во финалето ќе играат против подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу селекциите на Канада и Германија.

„Овде дојдовме само од една причина…Заслужуваме да бидеме во финалето“, рече рускиот репрезентативец Коваљчук.