Поп Ацев и Петровски најдобри на зимскиот маратон и полумаратон во Ниш!

Во паркот „Чаир“ (Ниш, Србија) изминатиот викенд се одржа 23. зимски маратон „Самопреживување“…

Овој настан се состоеше од вкупно две трки, маратонот од 42,2 километри и полумаратонот од 21,1 км.

Иако временските услови не беа идеални поради дождот и ниските температури, во трката учествуваа стотина маратонци од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

Победник на маратонот беше нашиот натпреварувач Дарко Поп Ацев кој триумфираше со резултат два часа, 57 минути и 55 секунди пред Синиша Станковиќ и Тодор Анчевски.

Во женска конкуренција триумфираше Јаманта Шафрањ од Суботица (3:39.18 ч.) пред Валентина Нејковиќ и Драгица Митиќ.

Во полумаратонската трка доминираше Димитар Петровски од Скопје со време од 1 час, 22 минути и 22 секунди, а кај жените на првото место заврши Ружица Шмерцеловиќ од Лесковац (1:54.21 ч.)

Фото: niskevesti.rs