Почина легендарната чешка тенисерка Јана Новотна

Легендарната чешка тенисерка Јана Новотна почина на 49. годишна возраст после долгата и тешка борба со ракот.

Новотна во 2005. година стана дел од Меѓународната славна тениска куќа, а после завршувањето на кариерата се обиде и како тренер.

Својот најголем успех го имаше во 1998. година кога го освои „Вимблдон“, имаше вкупно 16 Грен слем титули во двојки – четири на „Вимблдон“, по три на „Ролан Гарос“ и „УС Опен“, и две на „Австралија Опен“.

Воедно освои и четири трофеи во микс, каде што единствено не се искачи на врвот на Отвореното првенство во Франција.

Беше позната по својот сервис и волеј игра, единствена во нејзината генерација, а во текот на кариерата нејзин најдобар пласман беше второто место на светот. За 14 години дојде до 24. ВТА титули, и уште 76 трофеи во дубл конкуренцијата, како и два олимписки сребрени медали во дубл, и една бронза во сингл. Со репрезентацијата на Чешка дојде до титулата во Фед купот (1998 год.)

Јана беше инспирација, како на теренот, така и надвор од него, за сите кои имаа прилика да ја запознаат. Нејзината ѕвезда секогаш ќе сјае во историјата на женскиот тенис“, рече Стив Сајмон, извршниот директор на ВТА.