Пливачите на „Бета“ се закитија со нови медали од Бања Лука и Крагујевац (ФОТО)

Македонскиот пливачки клуб „Бета“ со свои натпреварувачи изминатиот викенд учествуваше на меѓународниот пливачки натпревар „22ри Април” во Бања Лука, Босна и Херцеговина и „Пирот опен” во Крагујевац, Србија од каде успеа да се врати со медали.

Од пливачите кои настапија на меѓународниот натпревар во Бања Лука:

– Стефан Цветкоски постави нов рекорд во дисциплината 50 метри делфин со време 28,17 и освои второ место, во дисциплината 100 метри делфин освои прво место и во дисциплината 200 метри делфин освои трето место.

– Љупчо Ангеловски освои трето место во дисциплината 50 метри делфин и успеа да се избори за финале во дисциплините 50 метри слободно и 100 метри слободно.

– Андреј Стојаноски освои второ место во дисциплината 400 метри слободно и второ место во дисциплината 1500 метри слободно, а успеа да се избори за финале во дисциплината 400 метри мешано.

– Сара Анастасовска која настапи на меѓународниот натпревар Пирот опен освои прво место во дисциплината 100 метри грбно, второ место во дисциплината 100 метри делфин и трето место во дисциплината 50 метри грбно.