Огњановска и Таневска со второ место на турнирот во Тирана

Македонските тениски надежи настапија на меѓународниот турнир во Албанија „National Sport Park Open U18“.

Во финалето во женскиот дубл со резултат 2:0 по сетови 3:6 и 1:6 Јана Огњановска и Јане Таневска загубија од четвртите носителки Емилија Којциќ (Србија) и Маја Раденковиќ (Шведска).

Претходно на патот до финалето Огњановска и Таневска славеа победи против:

1. коло – Миа Вукица Милојевиќ (Нов Зеланд)/Матилда Мутавџиќ (Велика Британија) 6:3, 6:4

Четвртфинале – Александра Топаловиќ (Велика Британија, 2. носителка)/Теона Велкоска (Македонија, 2. носителка) 4:6, 6:3, [10:7]

Полуфинале – Зала Уле (Словенија, 3. носителка)/Викторија Веселинова (Македонија, 3. носителка) 1:0, пред.