Новогодишна честитка од „летечкиот“ Македонец Игор Стефановски (ФОТО)

Двократниот европски шампион на ридски патеки со новогодишна честитка…

Игор Стефановски – Иџе ви посакува среќни празници. „Примете наши искречни желби и честитки за оваа празнична сезона.

Нека 2018-та година Ви донесе мир, радост и успех“ – Од тимот на Игор Стефановски.

Да потсетиме, Стефановски во дебитантската сезона во ЕТЦЦ шампионатот во 2016-та го освои 10. место, а годинава „летечкиот“ Македонец беше уште подобар со четвртото место, па во новата година можеме да очекуваме и атак на врвот во ова натпреварување.