Нов шок од Пјонгчанг: Словенечки хокеар позитивен на тест допинг!

Жига Јеглич мора во рок од 24 часа да го напушти олимпикото село во Пјонгчанг.

Како што соопшти Меѓународниот олимписки комитет, репрезентативецот на Словенија во хокеај на мраз беше позитивно тестиран на забранетата супстанца „фенотерол“.

Јеглич имаше тест на 16. февруари после натпреварот против Русија на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг. Тој е суспендиран од Игрите и има 24 часа да го напушти олимпиското село.

Словенија во групната фаза на ЗОИ забележа победи над САД и Словачка, пораз од Русија, а без еден од важните играчи во осминафиналето беше елиминирана по продолжението со 2:1 од Норвешка.

Јеглич е третиот спортист кој паднал на допинг тест направен во пресрет или во текот на Игрите во Пјонгчанг. Претходно тоа им се случило на Јапонецот Кеи Саито (брзо лизгање) и рускиот репрезентативец во карлинг, Александр Крушелнички.