Норвежанецот Форфанг прв на квалификациите во Гармиш Партенкирхен (ФОТО, ВИДЕО)

Норвежанецот Јохан Андре Форфанг беше прв во квалификациите за второто натпреварување во рамките од Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ во Гармиш Партенкирхен.

„Сребрениот“ од Лахти оваа година освои 143,8 бодови, со скок од 140,5 метри, само три помалку од рекордот на Симон Аман од 2010.

Второпласиран со 7,6 поени заостанување беше Полјакот Давид Кубацки, додека трет неговиот сонародник Стефан Хула.

Камил Стох, победникот од првата скокалница во Оберсфорд беше шестопласиран. Главниот настан во Гармиш е на 1. јануари од 13:45 часот.

РЕЗУЛТАТИ ОД КВАЛИФИКАЦИИТЕ НА ГАРМИШ ПАРТЕНКИРХЕН:

ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН ПОСЛЕ ПРВАТА СКОКАЛНИЦА ВО ОБЕРСДОРФ: