Нојројтер најбрз на првиот слалом сезонава во финскиот Леви (ВИДЕО)

Германскиот скијач е победник на првиот слалом оваа сезона одржан во Леви (Финска) во рамките од Светскиот куп.

Феликс Нојројтер имаше најдобро време од 1:42.83 мин. пред Норвежанецот Хенрик Кристоферсен кој заостана 37 стотинки, а трет е Швеѓанецот Матијас Харгин (+0.45).

Ова е вкупно 13. победа за Нојројтер во СК, водечкиот од првото возење, Британецот Дејв Рајдинг не го заврши второто возење, додека освојувачот на Големиот кристален глобус и Малиот кристален глобус во слалом за минатата сезона, Марсел Хиршер дојде до 17. место.

Скијачките возбудувања ќе продолжат во Канада каде што скијачите од 22. до 26. ноември 2017 год. ќе настапат на брзите дисциплини. Следниот слалом во машка конкуренција е на распоредот на 10. декември во Вал д`Изер.