Николова второпласирана на меѓународниот турнир во Благоевград во спортска гимнастика (ФОТО)

Како што официјално известува Федерацијата на Гимнастичките спортови во Македонија…

Во периодот од 27-29 Октомври се одржа Меморијалниот турнир „Лјубчо Солачки“ во спортска гимнастика во Благоевград – Бугарија.

Претставници од македонските клубови беа КГС- Кочани со Јана Николова и Антонио Јаношевиќ и КГС- Битола со Елеонора Димковска беа во придружба на селекторот Колев Николче, Марија Арнаудова и како судијка Радмила Станчева.

Јана Николова се пласираше во финале на двовисински разбој и го зазеде 2 место, Елеонора Димковска се пласираше во финале на партер 6 место и разбој 6, додека Антонио Јаношевиќ повеќебој 8 место, партер 6 место, кругови и разбој 8 место.

Овие резултати се одлични со оглед на конкуренцијата каде настапија над 200 натпреварувачи од 6 земји: Србија, Англија, Македонија, Грција, Кипар и Бугарија.

Фото: fgsrm.com