Најдобриот македонски тенисер без полуфинале во Турција

Томислав Јотовски не се пласираше во полуфиналето на главниот турнир во Анталија (15.000 долари).

Најдобриот македонски тенисер како седми носител во сингл конкуренцијата во Турција загуби од квалификантот Лорен Рошет.

Францускиот натпреварувач беше подобар од нашиот со резултат 2:0 по сетови 6:7 (5) и 3:6 и за пласман во финалето ќе игра против четвртиот носител Жорди Монтана-Сампер (Шпанија).