Надал се предаде, Чилиќ полуфиналист на „Австралија Опен“! (ВИДЕО)

Хрватскиот тенисер се пласираше во полуфиналето на „Австралија Опен“…

Марин Чилиќ се најде во следната фаза поради повреда на Рафаел Надал во петтиот сет при резултат 2:2 (3:6, 6:3, 6:7, 6:2), 2:0 водеше Хрватот во завршниот решавачки сет.

Шпанецот уште кон средината на четвртиот сет побара медицински тајм-аут поради болки во бутниот мускул. Чилиќ за пласман во големото финале ќе се сретне со Британецот Кајл Едмунд кој претходно приреди изненадување елиминирајќи го Григор Димитров од Бугарија (6:4, 3:6, 6:3, 6:4).

Втората полуфинална двојка ќе ја дознаеме после одигрувањето на четвртфиналните парови: Сандгрен (САД)-Чунг (Ј.Кор.) и Бердих (Чеш)-Федерер (Шва).

Во женска конкуренција во полуфиналето се пласираше Белгијката Елис Мертенс која беше подобра од четвртата носителка од Украина, Елина Свитолина (6:4, 6:0).

Таа ќе игра во следната фаза против Возњацки (Дан) која славеше против шпанската натпреварувачка Суарез Наваро со 6:0, 6:7 и 6:2, додека втората полуфинална двојка ќе се дознае по средбите: Халеп (Ром)-Плишкова (Чеш) и Кербер (Гер)-Кијз (САД).