Надал немоќен: Федерер доминантно до трофејот во Шангај! (ВИДЕО)

Швајцарецот Роџер Федерер го освои вториот трофеј на Мастерс турнирот во Шангај…

Во големото финале го совлада најдобриот светски тенисер, Шпанецот Рафаел Надал со 6:4 и 6:3.

Федерер со освоената титула се израмни со Иван Лендс на второто место по бројот на освоени пехари – 94.

Ова воедно е и 700. победа на швајцарскиот тенисер во својата професионална кариера. Оваа сезона исто така ги освои Австралија Опен, Индијан Велс, Мајами опен, Хале опен и Вимблдон.