Надал ќе го пропушти првиот Грен слем турнир во 2018?

Најдобриот тенисер на светот не се опоравил сеуште од повредата..

Неизвесно е дали Рафаел Надал ќе биде дел од првиот Грен слем турнир во 2018. година, „Австралија Опен“ кој стартува од 15. јануари.

Шпанецот требаше да има петдневен заеднички тренинг со Жоао Соуза, но истиот го откажа. „Уште не е подготвен да тренира. Ме повика и ми рече дека не се чувствува баш најдобро“, рече Соуза.

Не се знае тежината на неговата повреда, но сигурно е тоа дека нема да биде дел од егзибицискиот турнир во Абу Даби следната недела каде што Новак Ѓоковиќ се враќа после шестмесечна пауза.

Освен, настанот во Мелбурн, се поставува прашање дали Рафа ќе настапи и на турнирот во Бризбејн (1-7 јануари 2018 год.)