На чекор до перфекција – Стох триумфираше и во Инсбрук! (ФОТО, ВИДЕО)

Полскиот ски-скокач продолжи со одличните изданија на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“…

После победите во германските Оберсдорф и Гармиш-Партенкирхен триумфираше Камил Стох и на третата скокалница во австрискиот Инсбрук.

Незадржливо атакува кон одбрана на титулата, во Инсбрук славеше со скокови од 130 и 128,5 метри (вкупно 270,1 бод), па му остана уште во последната четврта скокалница (петок квалификации, финале сабота) да дојде до својот втор „златен орел“.

Ова беше практично четврти триумф по ред на оваа турнеја, откако славеше и лани во Бишофсхофен. Подобар учинок имаат само Свен Ханавалд (2001-2002) и Хелмут Рекнагел (1958-1959) со по пет победи во низа.

Второто место во Инсбрук го освои Норвежанецот Даниел Андре Танде, додека трет беше Германецот Андреас Велингер.

Во генералниот пласман води Стох со 833,2 бодови, пред Велингер (768,7) и јапонскиот натпреварувач Јуниширо Кобајаши (765,7).

РЕЗУЛТАТИ ОД ТРЕТАТА СКОКАЛНИЦА ВО ИНСБРУК:

ГЕНЕРАЛНИОТ ПЛАСМАН ПОСЛЕ ТРЕТАТА СКОКАЛНИЦА ВО ИНСБРУК: