Му се враќа на боксот: Тајсон Фјури планира три големи борби во 2018 година!

Поранешниот светски шампион во бокс во тешка категорија изјави дека ќе биде подготвен за првата борба во април 2018. година.

Британецот Тајсон Фјури после првиот меч, планира уште две пресметки во рингот. 29-годишниот Фјури пред две години ги освои шампионските појаси во ВБО, ВБА (Супер), ИБФ и ИБО категоријата со победата над легендарниот Украинец Владимир Кличко, а оттогаш како ништо да не се слушна повеќе за неговата кариера.

Единствено се најавуваше реванш помеѓу истите борци, но Фјури двапати го одложуваше. Воедно признал дека користел кокаин и дека се наоѓа во депресија, па беше суспендиран од Британската боксерска федерација, по што му беше одземена лиценцата за бокс.

Во професионалната кариера забележа 25 победи, без пораз, од нив завршени со нокаут:

Подгответе се за борба во април 2018. година во една одлична борба! И повторно во лето во мега борба! и повторно на крајот од годината. 3 големи борби во 2018“, рече Фјури на Твитер.