Мркев запрен во второто коло во Естонија

Борис Мркев го заврши настапот на Тенис Европа јуниорскиот турнир Нарва Куп за јуниори до 14 години, кој се одржува во Нарва, Естонија.

Македонската тениска надеж која во моментов е рангирана на 113. место на Тенис Европа ранг листата за јуниори во првото коло од главниот турнир го совлада Естонецот Роберт Рааг (410 на ТЕ ранг листа) со резултат 6-3, 6-4.

Во второто коло (17.01.2018) загуби од Реинис Куферс (Летонија) со резултат 2:1 по сетови. 2-6, 6-3, 2-6.