Хамилтон славеше на трката во Азербејџан

На неделната трка од Формула 1 шампионатот во Баку триумфираше Луис Хамилтон од редовите на Мерцедес..

Британецот дојде до својата 63. победа во кариерата, второпласиран заврши Кими Раиконен од Ферари, а трет заврши Серхио Перез од Форс Индија.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 70 бодови, четири повеќе од Германецот Фетел. Следната трка ќе се вози во Шпанија за две недели.