Мото ГП: Зарко ги изненади сите на квалификациите во Јапонија!

Французинот од редовите на екипата „Монстер Јамаха Тех 3“ имаше изненадувачки најбрз круг и ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Јапонија.

Јоан Зарко имаше резултат од 1:53.469 мин. и по втор пат во дебитантската сезона во „кралската“ класа ќе стартува од најдоброто место.

Зад него заврши италијанскиот возач на „Дукати“, Данило Петручи (+0.318), а како трет ќе стартува бранителот на титулата во Мото ГП шампионатот, Марк Маркез на „Хонда“ (+0.434).

Најлошо во неидеалните временски услови помина „Докторот“ Валентино Роси кој дојде дури на 12. позиција со заостанување со повеќе од четири секунди.

Во генералниот пласман кај возачите води Маркез со 224 бодови, пред Довициозо (208) и Маверик Вињалес (196). Главната трка ќе се вози в недела со почеток од 07:00 часот по македонско време.

Мото ГП 2017

Квалификации (Јапонија), резултати:

1.Јоан Зарко (Франција) 1:53.469 мин.
2.Данило Петручи (Италија)
3.Марк Маркез (Шпанија)
4.Алекс Еспаргаро (Шпанија)
5.Хорхе Лоренцо (Шпанија)
6.Дани Педроса (Шпанија)

Генерален пласман

1.Марк Маркез (Хонда) 224 бодови
2.Андреа Довициозо (Дукати) 208
3.Маверик Вињалес (Јамаха) 196
4.Дани Педроса (Хонда) 170
5.Валентино Роси (Јамаха) 168
6.Јоан Зарко (Јамаха) 117