Мото ГП: Каква трка, драма во последниот круг, Довициозо славеше во Јапонија! (ВИДЕО)

Возачот на Дукати триумфираше на Големата награда на Јапонија…

Во една драматична трка во последните моменти Андрес Довициозо го престигна Марк Маркес.

Во 15. трка оваа сезона во Мото ГП шампионатот Довициозо во последните кривини на патеката дојде до петтиот триумф оваа година.

Победничкиот подиум го комплетираше Данило Петручи од редовите на Прамак Дукати на третата позиција. Дани Педроса и Валентино Роси не успеја да ја завршат трката.

После оваа победа, Довициозо го намали заостанувањето зад Маркес на 11 бодови. До крајот на сезоната има уште три трки, а наредната сезона за Големата награда на Австралија на 22. октомври.