Мото ГП: Довициозо не можеше до „чудо“, Маркез во Валенсија ја одбрани титулата!

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез го одбрани тронот освојувајќи го третото место денеска на последната трка од Мото ГП шампионатот во најсилната „класа“.

Триумфираше неговиот тимски колега Дани Педроса на Големата награда на Валенсија, а главниот ривал на Маркез во борбата за титулата, Андреа Довициозно не ја заврши трката.

Шпанецот по четврти пат во кариерата е шампион во светскиот мотоциклизам. Трката беше многу драматична, а одлучувачкиот момент се случи во шестиот круг кога Италијанецот Довициозо излета од патеката и за прв пат во сезоната падна од моторот, поради што мораше да се откаже.

Наредниот светски шампионат ќе стартува на 18. март 2018 год. со трката за Големата награда на Катар на патеката „Лосаил“.

Мото ГП 2017 –

Конечен пласман, возачи:

1.Марк Маркез (Хонда, Шпанија) 298 бодови
2.Андреа Довициозо (Дукати, Италија) 261
3.Маверик Вињалес (Јамаха, Шпанија) 230
4.Дани Педроса (Хонда, Шпанија) 210
5.Валентино Роси (Јамаха, Италија) 208

Конечен пласман, конструктори:

1.Хонда (Јапонија) 357 бодови
2.Дукати (Италија) 310
3.Јамаха (321)