Миа Крстевска со три нови рекорди на меѓународниот пливачки „Немо куп“

Поставени се нови рекорди на 13. „Немо куп“ кој што се одржа изминатиот викенд.

Учество земаа 510 пливачки од Турција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија и Македонија.

Миа Крстевска од „Орион“ забележа три нови рекорди. На 100 метри грбно исплива 1:07:14 мин. и оствари нов младински рекорд (стариот беше 1:07:28 во нејзина сопственост).

На 200 м. грбно имаше резултат 2:22:23 мин. и на тој начин дојде до нов младински и апсолутен рекорд (претходниот изнесуваше 2:23:24 исто така во нејзина сопственост).

Миа Еминова Блажевска постави нов рекорд во кадетска конкуренција и постари пионерки на 50м грбно, и исплива 33:71 сек. (стариот за постари пионерки) беше 35:47, а за кадетки 33:38, и двата беа во сопстевност на Деа Калајџиовска.

Инаку најдобра пливачка на митингот беше прогласен Дијана Петкова на Пливачкиот клуб „Спринт“ од Пловдив (Бугарија), а во машка конкуренција, Андрија Петковиќ од Пливачкиот клуб Св. Никола од Ниш (Србија).

Сите резултати од пливачкиот митинг „НЕМО КУП 2017“ можете да ги погледнете ТУКА