Мареј без финале на егзибицискиот турнир во Абу Даби (ВИДЕО)

Британскиот тенисер нема да се бори за трофејот во Абу Даби…

Денеска во полуфиналето Енди Мареј успеа да одигра само еден сет и загуби од Роберто Баутиста Агут со 1:0 (6:2).

Мареј не одиграл официјален меч од јули оваа година, и пред почетокот на Австралија ОПен се наоѓа далеку од својата вистинска форма.

Агут во големото финале за титулата ќе игра против Јужноафриканецот Кевин Андерсон кој пак во два сета 7:6 (6) и 6:4 го елиминираше Австриецот Доминик Тим.