Малезија: Хамилтон со пол позиција, Фетел ќе стартува последен! (ФОТО)

Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон ќе стартува од пол позицијата во утрешната трка за Големата награда на Малезија.

Британецот беше најбрз во квалификациите со време 1:30.076, зад него заврши Кими Раиконен кој заостана само 0,045 сек., следуваат Макс Ферстапен, Даниел Рикардо, Валтери Ботас…

Најголемиот конкурент на Хамилтон за титулата оваа сезона 2017 во Формула 1, ќе започне од последното место, бидејќи поради проблеми со моторот не излезе на патеката.

Главната трка за ГН Малезија во Ф1 ќе започне в недела од 09:00 часот по македонско време. Во генералниот пласман кај возачите води Хамилтон со 263 бодови, 28 повеќе од второпласираниот Фетел, трет е Ботас (212), Рикардо има 162, а Раиконен 138.

Кај конструкторите води Мерцедес со 475 бодови, на второто и третото место се наоѓаат Ферари (373) и Ред Бул (230).