Македонското таеквондо со два медали на „Србија Опен“

Голем успех на македонскиот натпреварувач во таеквондо на 15 Галеб Белград Трофеј – Србија Опен…

Во јуниорска конкуренција Филип Додевски (-78) во конкуренција на 12 натпреварувачи го освои првото место.

На втората позиција се најде Швеѓанецот Сандро Фронда, додека третото место го поделија Вања Мициќ (Србија) и Адриан Помбо Ромеро (Шпанија).

Нашата земја се закити со уште еден медал кај кадетите (-53) во Велтер од 25 натпреварувачи до бронзата стигна Филип Стаменов, трет беше и Теофанис Николау од Грција. Прв во оваа категорија беше Американецот Емилио Кендејас, а втор Стефан Стојановиќ од Србија.